вторник, 30 декември 2025

АЛТА банка со предвремена исплата на пензии

АЛТА банка, во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, обезбеди дополнителна погодност за своите клиенти пензионери. Денеска, на 30 декември банката ја реализираше исплатата на пензиите за месец декември, овозможувајќи навремено и непречено располагање со средствата во период кога финансиската сигурност е од особено значење.

Објавено на

часот

Сподели

Со оваа активност, АЛТА банка уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон континуирано унапредување на квалитетот на услугата, грижата за клиентите и обезбедувањето стабилно, сигурно и навремено банкарско работење. Банката ќе продолжи да ги следи потребите на своите клиенти и да креира решенија кои придонесуваат за нивна поголема финансиска сигурност.

АЛТА банка им посакува на сите клиенти среќни празници, добро здравје и успешна Нова 2026 година, соопшти банката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ