четврток, 15 јануари 2026

АЛТА банка со нов потрошувачки кредит со најповолни услови на македонскиот пазар

АЛТА банка решително продолжува да ја зацврстува својата позиција на македонскиот финансиски пазар, со јасна визија, силни амбиции и посветеност кон создавање стабилно, сигурно и современо банкарско искуство. Банката активно инвестира во развојот на своите услуги и создавање модерно и препознатливо банкарско искуство за клиентите, велат од менаџментот на банката

Објавено на

часот

Сподели

Како дел од стратегискиот развој и плановите за понатамошен раст, велат од АЛТА банка, банката го најавува новиот потрошувачки кредит, кој е наменет да понуди сигурност, стабилност и реална финансиска поддршка. Кредитот овозможува износ до 2.500.000 денари, со поволна каматна стапка од 4,5% и можност за отплата до 120 месеци, што го прави најатрактивно кредитно решение на пазарот.

Дополнително, банката обезбедува промотивна понуда до 31.03.2026 година, во рамки на која клиентите ќе можат да го искористат кредитот без провизија за исплата, што претставува значајна финансиска предност и дополнително олеснување за клиентите.

„Паралелно со развојот на нови производи, АЛТА банка активно работи на засилување на стручниот кадар, со цел подигнување на квалитетот на услугата и унапредување на целокупното клиентско искуство. Како една од најголемите предности, АЛТА банка ја издвојува брзината на одлучување, овозможувајќи поедноставени процедури и навременo одобрување на кредитните барања, фактор кој е од исклучителна важност за клиентите денес. Со јасна стратегија, силен развоен фокус и одговорен пристап, АЛТА Банка продолжува да го јакне своето присуство и да го гради статусот на стабилен и сигурен партнер на македонските граѓани“, велат од АЛТА банка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ