Со приклучувањето кон SEPA, Алта банка се интегрира во европските платни шеми, овозможувајќи прекуграничните плаќања во евра да се извршуваат под исти услови како и домашните плаќања во рамките на SEPA зоната.
SEPA кредитните трансфери се карактеризираат со значително пониски трошоци во споредба со традиционалните меѓународни плаќања, побрза обработка, најдоцна до следниот работен ден, како и транспарентна структура на трошоци со примена на принципот SHA (поделени трошоци).
Услугата е наменета и за граѓани и за компании кои вршат плаќања во евра кон странство, при што овозможува поефикасен платен промет, подобра контрола и следење на трансакциите, како и усогласеност со европските платни стандарди.
SEPA кредитните трансфери во Aлта банка се извршуваат во согласност со регулативата на Народната банка на Македонија, правилата за девизно работење, како и прописите за спречување перење пари и финансирање на тероризам.
Со воведувањето на SEPA плаќањата, Алта банка продолжува со унапредување на своите платежни услуги, нудејќи современи, сигурни и економични решенија во корист на своите клиенти и нивното деловно работење.






