Одговарајќи на новинарски прашања кажа дека имал редовни месечни средби со директорите на клиниките, изразувајќи загриженост и од страна на директорите и од министерството, но и сите здравствени работници за системот кој е флексибилен и овозможувал дел од вработените во здравствениот систем да можат да злоупотребуваат.
„Веќе знаете сите се вознемирени кога во фелата во којашто работат има процеси што можат да влијаат негативно, или кон нив како експерти поврзани со здравствениот систем, или кон довербата кон докторите, и кон здравствениот систем. Заедно со експертски тим ќе работиме понатаму и во новиот закон којшто веќе на ЕНЕР ставивме дел кој ќе лимитира некои ограничувања кои беа полабави, сега ќе бидат поефикасни. Но, од друга страна ќе бидат додефинирани тие процеси коишто не се добро дефинирани“, рече Алиу.
„Целта реално е иста, и на директорите, и на вработените, и на министерството – да имаме здравствен систем, којшто ќе биде транспарентен, ќе нуди здравствени услуги во реално време и здравствен систем во којшто ќе имаат доверба сите наши граѓани. Свесни сме дека овој процес не може да се заврши и довербата да се врати брзо“, истакна Алиу.
Во однос на имињата на докторите и клиниките кои правеле злоупотреби со работното време, нагласи дека тоа нема да помогне во решавање на проблемот.
„Ние не се плашиме да кажеме пред вас и пред граѓаните дека – да, имаме проблем. Цениме дека тоа ни е првиот чекор за решавање на проблемот, соочување со проблемот и добро дефинирање на проблемот. Исто така не сакаме од прес-конференција да направиме сензации и да спомнуваме имиња на институции или на доктори, веќе тоа нема да влијае кон решавање на проблемот“, додаде Алиу.
Очекува дека процесот ќе заврши административно, бидејќи, како што нагласи, побитно е системот да се стабилизира и да се креираат јасно дефинирани правила, отколку да излезат и да се интересни ден-два за медиумите и граѓаните , па да се влоши системот.
„Тоа не е клиничка злоупотреба, тие се ислучително големи експерти. Работат и таа експертиза што ја имаат во клинички процес е препознаена и од комората, и од универзитетите, и од фелата, и не смееме да ги поврземе тие две работи. Не се работи за нестручен пристап кон клиничките процеси, туку се работи за административна процедура којашто за жал и во законот не е добро дефинирана. Значи толку е лабава и ние исто така треба да рефлектираме како министерството коешто креира и прави закони. Законите мора да бидат добро дефинирани и да не овозможуваат системот да им нуди некаков тип на злоупотреба, намерна или ненамерна“, подвлече Алиу.
Напомена дека процесот е отворен и оти прават компарација и административна, од страна на е-здравство и од страна на документите коишто ги имаат клиниките, како и експерти кои креираат закони и ги анализираат прописите што треба да се адаптират и кои членови од законот треба да се реформулират со цел во иднина да нема таков тип на организирање на платите во здравствениот систем.






