„Досега немаме информации дека загаденоста е на ниво за да не може да се излезе надвор. Од акредитирана институција е земен материјал и до понеделник ќе имаме официјални резултати и најверојатно на прес-конференција ќе известиме за структурата на воздухот во овој момент“, рече Алиу.
Министерот посочи на препораките соопштени од МЗ за заштита кои се однесуваат на лица над 65 години, деца и бремени жени.






