петок, 19 декември 2025

Алиу: Вработените во пералната на Клинички не се дел од здравствениот систем, туку во приватна компанија

Вработените во пералната на Клинички центар не се дел од здравствениот систем, туку се вработени во приватна компанија, а законски не смееме да се мешаме во приватниот сектор, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарско прашање по информациите дека вработените немаат земено плата, а чаршавите и сиот останат материјал се пере во друга приватна компанија.

Објавено на

часот

Сподели

Алиу вели дека се работи за лошо поставено јавно-приватно партнерство и дека при крај се процедурите по кои целата инфраструктура со човечки капацитет ќе бидат дел од здравствениот систем.

„При крај сме со процедурите, се додека трае оваа процедура, не смееме ништо законски да преземеме бидејки тие не се дел од нашиот здравствен систем. Не смееме да инвестираме ниту инфраструктурно во пералната бидејќи пералната моментално е во владение на приватна компанија. Мислам дека за брзо време ќе заврши процедурата и после целата институција и инфраструктурно и со човечки капацитет ќе биде дел од здравствениот систем“, рече денеска Алиу.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ