среда, 7 јануари 2026

Алиу: Во секоја здравствена институција има недостиг на персонал

Во секоја здравствена институција вклучително и клиниките и болниците, меѓу кои и Тетовската клиничка болница има недостиг на човечки капацитети, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу.

Објавено на

часот

Сподели

„Затоа интензивно ќе работиме, тоа што веќе го најавивме еднаш на прес-конференција и на креирање нови капацитети, но и на оптимизација или хоризонтална мобилност на здравствените работници со цел здравството да се доближи до граѓаните“, рече Алиу, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата по повод кампањата за подигнување на свесноста за опасностите од употреба на пиротехнички средства.

Додаде дека целта е граѓаните да не одат за здравствени услуги само во Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ