Тој нагласува дека тоа ветување денес има потреба да се врати во системот, но без импровизирани одлуки, туку со јасна визија. Без носталгија, со податоци и храброст.
„Визијата станува реалност со голем прв чекор: 205 милиони евра за болници кои инспирираат доверба, а не страв“, вели министерот Алиу, додавајќи дека во Штип ќе се гради модерна клиничка установа и Факултет за медицина за идните генерации лекари.
„Во Тетово, болницата ќе добие современа медицинска опрема и два нови објекти, со што ќе прерасне во симбол на грижа и достоинство. Во Кичево, каде што болницата остана нереализирано ветување од минатиот век, од темел ќе градиме нова, светла, топла и достојна за секој од вас“, вели министерот Алиу.
Тој истакнува дека ова е само почеток, бидејќи хоризонтот на неговата визија е многу подалеку.
„Да изградиме модерно, хумано и дигитализирано здравство. Ние не сме тука да чекориме по патеки од минатото кои не водат никаде, ние сме овде да градиме доверба за идните генерации. И заедно со вас, ќе ја направиме оваа визија реалност“, порачува министерот за здравство, Азир Алиу во неговото видео обраќање.






