Како што соопштија од Минитерството за здравтво, на состанокот, Алиу истакнал дека унапредувањето на човечките ресурси е еден од неговите приоритети, со цел подобрување на навременоста и квалитетот на здравствените услуги во секундарното и терциерното здравство.
„Откако ја презедов министерската функција, еден од приоритетите ми е унапредување на човечките ресурси, со цел усогласување со реалните потреби на здравствениот систем, навременоста и квалитетот на услугите кои се обезбедуваат во секундарното и терциерното здравство“, истакна Алиу на состанокот во Министерството за здравство.
Работниот состанок, информираат од министерството, е дел од поширок процес на реформи во здравствениот систем, кои се насочени кон редифинирање на постојните гранки на специјализација, со цел надминување на проблемот со тесно профилирани специјалисти и зајакнување на широки специјализации, како што се интерна медицина и општа хирургија, скратување на времетраењето на одредени специјализации, со цел мотивација на младите лекари, и редефинирање на супспецијализациите согласно реалните кадровски потреби на здравствениот систем.






