Според Алиу, проектот ќе предвидува комплетен мониторинг на паркирањето и дигитален водич за граѓаните, хортикултурно уредување на просторот, паметен паркинг-систем со сензори за детекција на слободни паркинг-места, мобилна апликација, поврзување со фискален систем…
„Времето на одложување на проблемите заврши, ова е нова култура – на одговорност. Нашата визија е здравството да функционира и во логистиката, а денес го правиме токму тоа. Со години илајдници луѓе лекувањето го почнуваа со нервоза и неизвесност. Пациентите заслужуваат ред, достоинство и функционален систем“, истакна Алиу на прес-конференција.
Со оваа владина одлука, истакна министерот, се решава деценискиот проблем со паркирањето на Клиничкит центар „Мајка Тереза“.
„Ова го најавивме како еден од приротетите на Министерството за здарвство. Со последната владина одлука донесена во вторникот прашањето со паркингот добива јасна институционална рамка и се отвора патот за негово трајно решавање“, рече Алиу.





