Тој најави дека на седница на Влада, денес се очекува да биде усвоена информација за дисперзирање на онколошката терапија во Клиничка болница Битола, заедно со клиничките болници во Штип и во Тетово и ГОБ „8 Септември“. За таа цел, веќе е дефиниран и посебен протокол за аплицирање на терапијата.
„Здравството е комплексен систем со многу карактеристики и преку системски пристап работиме на креирање нова методологија за финансирање и буџетирање за да поставиме темели за пофункционален здравствен систем. Воедно, правиме компарација на состојбата кај нас и во соседството и со колегите од регионот, се разгледуваат правно можностите и правиме план како заеднички да може да отвориме постапка за набавка на иновативни терапии за онколошки пациенти“, истакна министерот Алиу.