„Неопходно е да изградиме механизам за навремена и ефективна комуникација, како и алатки за следење и евалуација на нашите работни групи и комисии. Целта е Министерството за здравство да стане пример за институција која функционира транспарентно, плански и професионално“, посочи министерот Алиу на работилницата.
Тој информираше дека формира интерна работна група која ќе го финализира протоколот за комуникација и сите договорени следни чекори од денешната дискусија, ќе го презентира пред сите раководители на сектори и ќе предложи временска рамка за негова имплементација, соопшти Министерството за здравство.
Алиу пред учесниците на работилницата порача дека на овој начин се поставува основата за министерство кое планира, комуницира и делува како еден тим.






