петок, 30 јануари 2026

Алиу најави три можни локации за нов клинички центар

Новиот клинички центар ќе се гради на истата локација, на сосема нова локација или клинички центар да стане сегашната ГОБ „8 Септември“, изјави министерот за здравство Азир Алиу стои  во интервју за Радио слободна Европа. Конечното решение за да се финишира проектот ќе го имаат експертите од ресорното министерство и стручен кадар кој ќе направат анализи каде би се градел најголемиот здравствен комплекс во Македонија.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Во моментот се размислува помеѓу постоечкиот клинички центар – инфраструктурно и други можности. Една од нив е градење нов клинички центар на нова географска локација. И третиот момент е „8 Септември“. На крајот еве работната група и експертите ќе ги ценат и пристапот и инфраструктурата, но исто така и финансискиот момент дали „8 Септември“ останува крајна дестинација за клинички центар. Ние сме отворени, ќе ги слушнеме експертите и нивното мислење“, рече Алиу.

Изминатите 10-тина години постоеа повеќе идеи за локации за нов клинички – во близина на Бардовци, на излезот од Скопје во Ѓорче Петров или на просторот на касарната „Илинден“.

Министерот вели дека потребна е голема претпазливост кога ќе се креира новиот Клинички, да не „трпи” Медицинскиот факултет односно студентите, но важен е и инфраструктурниот и финанискиот дел.

И премиерот Хирстијан Мицкоски неодамна кажа дека според неговите проценки „8 Септември” е идеална локација за клинички центар затоа што околу него има три булевари, гасна и собраќајна поврзаност но сепак, остави и експертите да си го кажат своето мислење.

За осум години, се сменија седум министри за здравство, имаше шест локации во игра и шест фирми изведувачи, но наместо нов клинички центар, претходната Влада ја остави Македонија со обврска да плаќа пенали од 8,5 милиони евра на италијанска компанија, за она што требаше само да го спроведе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ