„Владата од оваа година ќе има тригодишна набавка и можеби изгледа дека овој буџет е намален бидејќи методологијата беше поинаква, но ви гарантирам дека ниту еден граѓанин и ниту едно дете нема да остане без потребните лекови и без медицински третман, бидејќи тоа е обврска на нас како Министерство за здравство, како држава и како Влада и свесни сме дека овие граѓани треба да се лекуваат од самото детство“, рече министерот Алиу одговарајќи на прашање на пратеничката Бисера Костадиновска поврзано со намалување на средствата за ретки болести.
Министерот за здравство рече дека е зголемен буџетот за трансфер за знаење на лекарите за пациентите со ретки болести. – Имаме средби со надворешни експерти кои работат со нашите лекари за да имаме нови методи и лекување на овие пациенти, не само во однос на лековите туку и за другите третмани кои се екосистем за здравјето на овие деца, рече Алиу на седницата за пратенички прашања.
Тој додаде дека има стандардизација на процедурите и секој лекар кој ќе лекува пациенти со ретки болести треба да има стриктен протокол и софтвер кој ќе го следи пациентот.






