понеделник, 8 декември 2025

Алиу и Кардиолошката комисија ќе ги презентираат наодите дали приватни болници непотребно оперирале пациенти за профит

Во Владата денеска е закажана прес-конференција на која ќе се обратат министерот за здравство Азир Алиу и членовите на Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции на која се очекува да бидат соопштени наодите од проверката на 25 претставки дека приватни болници вршеле непотребни операции на пациенти исклучиво заради профит. Комисијата беше формирана откако кардиохирургот Сашко Кедев во август годинава изјави дека има докази дека приватни болници оперирале без потреба, за профит. Од Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) тогаш информираа дека во 2024 година во јавни и приватни болници и клиники биле исплатени околу 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршпки интервенции.

Објавено на

часот

Сподели

Комисијата беше формирана откако кардиохирургот Сашко Кедев во август годинава изјави дека има докази дека приватни болници оперирале без потреба, за профит, вклучувајќи и непотребни стентирања и операции.

„Најголем дел од мојата консултативна активност е во одвраќање на луѓе од непотребни интервенции, непотребни стентирања, непотребни операции. Ние во моментот се соочуваме со нешто застрашувачко, а тоа се тие непотребни интервенции кои што се профит ориентирани. Имаме пролиферација на приватни болници, на кои што интересот им е профитот. Тоа се лесно докажливи работи, ние имаме докази дека одредени центри треба да се затворат од медицински аспект. Да се случува тоа во Англија или Америка тоа ќе биде под клуч. Оперирале без потреба, сечеле граден кош без потреба, имаме докази за тоа. Тоа е фасцинантно нешто, кое што треба релевантните институции да преземат нешто, пред се министерството за здравство и фондот, бидејќи тие плаќаат некои од овие интервенции. Зборуваме за многу сериозни етички проблеми, поврзани со профит“, изјави Кедев.

Од Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) тогаш информираа дека во 2024 година во јавни и приватни болници и клиники биле исплатени околу 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршпки интервенции. Во 2024 година биле извршени 9.404 операции на срце, васкуларна хирургија, стентирања и бај пас во установи каде се вршат вакви дејности.

На 4 ноември министерот за здравство информираше дека од пристигнатите околу 25 претставки, останати за разгледување се уште седум.

„Уште седум наоди треба да се анализираат. Знаете дека тие процеси бараат време. Прво, тие експерти се и така во мал број за нашата земја. Освен оваа работа тие дневно имаат активности во амбуланта и операционите сали, затоа оваа динамика на работа не зависи од нас како Министерство, туку зависи од целиот експертски тим кои не се малку на број и се оптоварени со нивните секојдневни обврски со давање здравствени услуги на граѓаните“, изјави Алиу на 4 ноември. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ