понеделник, 8 декември 2025

Алијансата за Албанците: Вистинскиот проблем на Вреди се нивните партнери во Владата, а не опозицијата

Крилото на Таравари во Алијансата за Албанците денеска порача дека вистинскиот проблем за коалицијата Вреди не е албанската опозиција, туку нивните партнери во Владата – ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Српската демократска партија на Иван Стоилковиќ.

Објавено на

часот

Сподели

„Со своите антиалбански политики, овие партнери секојдневно го користат и експлоатираат ВЛЕН, прикажувајќи го во лошо светло пред Албанците. Дискриминацијата и деградацијата на Албанците се случуваат јавно, пред и по очите на функционерите на Вреди и за тоа одговорноста не може да се префрли врз албанската опозиција“, се наведува во соопштението.

Алијансата предупредува дека Вреди треба да престане да се однесува како опозиција и да се амнестира од одговорност за политиките на оваа влада.

„Злото има име – ВМРО-ДПМНЕ и владините партнери – и вината треба да ја бараат таму, како и кај своите функционери кои ги легитимираат реваншистичките политики против Албанците од нивниот тутор, Христијан Мицкоски“, додаваат од таму.

Од партијата сметаат дека Вреди треба да се огледа на примерот на Алијансата за Албанците и лидерот Арбен Таравари, и што поскоро да ја напушти, како што велат, „екстремната влада против Албанците“.

„Ако продолжи рушењето на сите достигнувања на Албанците од оваа влада, тогаш ниту прошката повеќе нема да има вредност. Затоа, Вреди треба да му се врати на народот и да престане со клевети и напади кон албанската опозиција. Албанците очекуваат одговорност и визија, а не оправдувања за останување на власт“, стои во соопштението на крилото на Таравари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ