Од партијата на Арбен таравари велат дека примената на проектот „Безбеден град“ само во Скопје, Куманово и Тетово е селективна, неправедна и дискриминаторска.
„Проект кој има за цел да ја зголеми јавната безбедност треба да се применува рамноправно на целата територија на државата, а не делумно и селективно.
Алијасна за Албанците констатира дека не се спроведува Законот за употреба на јазиците, особено во службената комуникација со граѓаните. Известувањата и санкциите кои произлегуваат од проектот ‘Безбеден град’ не се обезбедуваат рамноправно на албански јазик, што претставува директно кршење на јазичните права на албанските граѓани и е неприфатливо во една мултиетничка држава“, велат од партијата.
Оттаму бараат ревидирање на висината на казните и на прагот на толеранција.
„Безбедноста во сообраќајот е неопходна, но таа не може да се постигне преку непропорционални глоби кои неправедно ги оптоваруваат граѓаните и ја нарушуваат нивната економска благосостојба. Без никаква грижа за благосостојбата на граѓаните и без да се адресираат овие сериозни правни и уставни недостатоци, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди, ЗНАМ и Левица гласаа казните што произлегуваат од системот ‘Безбеден град’ да стапат на сила од 1 февруари. Алијансата за Албанците бара од надлежните институции итно да отворат јавна дебата, да ги коригираат очигледните прекршувања и да обезбедат секој ваков проект да биде во согласност со Уставот, законите и принципот на еднаквост“, велат од партијата на Арбен Таравари.
Порадио ва, велат оттаму, Алијансата за Албанците во понеделник ќе го оспори Законот за прекршоци пред Уставниот суд.
„Сличен случај, кој создава јасен правен преседан, е оној со Законот за трето дете, кој Уставниот суд го прогласи за неуставен. Во тоа време, владата на Никола Груевски настојуваше оваа мерка да ја применува само во неколку одредени градови, претежно со македонско население, со образложение за недостаток на позитивен наталитет. Уставниот суд оцени дека ваквиот селективен пристап го нарушува принципот на еднаквост и е во спротивност со Уставот. Во тој дух, веруваме дека и во случајот со ‘Безбеден град’, Уставниот суд ќе се води од уставните одредби и ќе ги поништи законските измени кои се во директна спротивност со Уставот на државата“, велат од Алијанса за Албанците на Арбен Таравари.






