петок, 12 декември 2025

Алијансата за Албанците на Села, го поддржа Зули Демири за градоначалник на Врапчиште

Политичката партија Алијанса за Албанците, која ја предводи Зијадин Села ја поддржува кандидатурата на Зули Демири за градоначалник на Општина Врапчиште на повторните избори кои ќе се одржат на 11 јануари.

Објавено на

часот

Сподели

Лидерот Села во партиското соопштение упати покана до поддржувачите и симпатизерите да го поддржат овој кандидат.

„Подготвеноста и вештините докажани досега, како – добро оформена личност, лојален и вреден човек, успешен менаџер во одговорностите што ги носеше досега, убедени сме дека тој ќе се справи со оваа нова задача со истата посветеност и успех“, се наведува во писмената изјава на претседателот на партијата, Зијадин Сеља.

Тој меѓу другото апелираше до членовите на Алијансата за Албанците, поддржувачите и сите граѓани масовно да се мобилизираат и да го поддржат човекот кој, како што се наведува во соопштението, со работа и чесност, веќе докажа дека е најдобриот избор за управување со Општина Врапчиште.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ