понеделник, 15 декември 2025

Алијанса за Албанците со тројца кандидати за градоначалници на претстојните локални избори

Партиското раководство на Алијанса за Албанците вечерва по двочасовна дебата во Гостивар ги избра тројцата кандидати за градоначалници на претстојните избори. Урологот Арсим Далипи за Струга, Илиријан Фетаху за Дебар и Скендер Исуфи за Арачиново.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката ја соопшти лидерот на партијата Зијадин Села по првиот дел на седницата на претседателството, која се одржува во седиштето на партијата во Гостивар.

Одговарајќи на новинарско прашање околу важноста на претстојните избори, тој меѓу другото ги нарече „референдум„.

„Не можеме да не констатираме дека на претходните избори беше прекршено правото на изјаснување на Албанците. Овие избори се одржуваат во атмосфера кога Албанците со глас, освен што ќе изберат градоначалници, туку и ќе покажат дека нема да дозволат македонскиот политички фактор да одлучува кој ќе биде нивен претставник во влада или во локална власт“, рече Села.

Според него, давањето на гласот за коалицијата „Европски фронт“ ќе го намали влијанието на како што потенцира од други држави и Србија и затоа е важно да се одржи овој „референдум“ преку кој гласачите Албанци јасно ќе го искажат нивниот став.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ