Според извори на МКД.мк, се водат неформални разговори меѓу двете страни, со зголемена комуникација во последниот период, што се гледа како сигнал за потенцијално приближување и координација.
Крилото на Зијадин Села досега беше блиско до ДУИ, а крилото на Таравари е дел од коалицијата Вреди, дел од владиното мнозинство.
По последните парламентарни избори, АА се подели на две струи: едната, предводена од Арбен Таравари, која се приклучи на опозициската коалиција Вреди, и другата, предводена од Зијадин Села, која стана дел од Европскиот фронт предводен од ДУИ.
Таравари обезбеди 5 пратеници, додека Села 4. Сепак, сите девет пратеници и понатаму се водат како претставници на Алијансата за Албанците и така се евидентирани на официјалната веб-страница на Собранието и во другите регистри.
Паралелно со ова, пред локалните избори продолжуваат тензиите и разидувањата внатре во коалицијата Вреди. Таравари во неколку наврати најави можно напуштање на коалицијата и самостоен настап на локалните избори. Ова дополнително ја отвора вратата за евентуално обединување на АА.
Ако дојде до ова обединување, тоа би можело значително да ги смени политичките релации и рамнотежи во албанскиот политички блок во Македонија.
А.Д.