„Овој потег претставува сериозно прекршување на Законот за енергетика и голем ризик за енергетската иднина и јавниот интерес на граѓаните на Република Северна Македонија.
Наместо да спроведе транспарентна и конкурентна тендерска постапка, како што јасно е предвидено во членот 94 од Законот за енергетика, Владата одлучува да склучува договори на таен и сомнителен начин, без никаква длабинска анализа за економските, еколошките и општествените последици.
Оваа мрачна практика ги зголемува сомнежите дека партиските и личните интереси се ставаат над јавниот интерес, додека граѓаните ќе бидат тие што ќе ја платат цената за проект што е спротивен на стратешката насока на земјите од ЕУ. Додека земјите членки на Европската Унија се оддалечуваат од природниот гас, Владата гради нови дистрибутивни мрежи за енергенс што е поскап и поштетен за климата и за семејниот буџет.
Прашањата на кои Владата треба да одговори се: Зошто се прекршува Законот за енергетика и се заобиколува законската постапка за избор на партнер? Дали е направена анализа за реалните потреби од гасификација и трошоците за граѓаните? Дали постои стратегија за развој на енергетскиот сектор за наредните 20 години, како што е законска обврска? Какви гаранции му се дадени на странскиот инвеститор за да биде „убеден“ да инвестира 1 милијарда евра?
Партнерството со компанија вмешана во меѓународни корупциски афери е аларм за организирана корупција на високо владино ниво и бара итна истрага од надлежните институции, вклучувајќи го Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата.
Бараме итно поништување на меморандумот, враќање во законски рамки и отворање на јавна дебата за енергетската безбедност и долгорочната насока на енергетските политики во земјата.
Ниту еден договор склучен зад затворени врати на Владата не може да биде во корист на граѓаните. Транспарентноста е првиот услов за одржлив развој и борба против корупцијата“, соопшти Алијансата за Албанците на Арбен Таравари.