вторник, 9 декември 2025

Али: Целосно се изгаснати пожарите во Општина Желино

Пожарите кои зафатија делови од селата Мерово и Церово во општина Желино се целосно изгаснати. Изразуваме искрена благодарност до екипите на тетовските пожарникари за нивната професионалност, посветеност и навремената интервенција, изјави денеска директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али.

Објавено на

часот

Сподели

Тој упати апел до сите граѓани за поголема внимателност и одговорно однесување, со цел, како што рече, зачувување на природата и обезбедување на сигурна иднина за нашите деца.

Вчера доцна поладне избувна страотен пожар на автопатот Тетово-Скопје кој стигна и до месноста Карпалак и на скопска територија.

Претходно, градоначалникот на Општина Желино, изјави дека се сомнева дека сите пожари што избувнале во оваа општина досега, се подметнати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ