петок, 27 март 2026

Александар Пендароски и Мартина Михајлова избрани за зет и невеста на Галичка свадба 2026

По разгледување на сите пристигнати апликации и по навистина тешка одлука, за зет и невеста на Галичката свадба 2026 се избрани Александар Пендароски и Мартина Михајлова, информираат од Советот на Месната заедница Галичник.

Објавено на

часот

Сподели

„Годинава интересот беше исклучително голем, со повеќе квалитетни и искрени пријави, што ја направи одлуката особено предизвикувачка. Она што особено се истакна во нивната апликација е нивната длабока и искрена поврзаност со Галичник – како место кое не го доживуваат само како традиција, туку како дом, спомен и животна припадност. Дополнителна симболика и тежина на нивниот избор дава фактот што оваа година се одбележуваат 35 години од првата современа Галичка свадба (1991), кога биле венчани родителите на Александар“, велат од Советот на МЗ Галичник.


При тоа истакнуваа дека за Александар и Мартина, ова претставува продолжување на една семејна традиција и длабока врска со корените.

„Веруваме дека Александар и Мартина достојно ќе ја понесат честа да бидат зет и невеста, претставувајќи ја автентичноста, вредностите и духот на Галичник“, велат организаторите на манифестацијата Галичка свадба, посакувајќи им на младенците многу среќа, љубов и достоинствено претставување на оваа вековна традиција.

.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ