четврток, 8 мај 2025

Албанската изборна комисија објави упатство за начинот на гласање на македонски јазик

„Заедно ја градиме иднината” е мотото на постерот на Васил Стерјовски, единствениот кандидат Македонец на парламентарните избори во Албанија, што ќе се одржат на 11 мај. Во меѓувреме, Централната изборна комисија на Албанија објави едукативен флаер „Чекори за гласање” на македонски јазик и на неговото кирилско писмо.

Објавено на

часот

Сподели

„Со труд, визија и посветеност- чкор по чекор- заедно ја градиме иднината. Гласај со срце, избери со разум”,  напиша Стерјовски на социјалните мрежи објавувајќи примерок од постерот.

Стерјовски, како кандидат на МАЕИ, е на отворената листа во изборната единица (ИЕ) Корча, на Социјалистичката партија на Еди Рама, која на овие избори коалицира единствено со македонската партија.

Во меѓувреме, Централната изборна комисија на Албанија објави едукативен флаер „Чекори за гласање” на македонски јазик и на неговото кирилско писмо.

Всушност тоа е упатство за начинот на гласање, односно сите потребни чекори во постапката на остварување на гласачкото право.

Идентични флаери се објавени и на јазиците на останатите осум национални малцинства, кои се признати со Законот за национални малцинства од 2017 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ