недела, 14 декември 2025

Албанија, Бугарија и Македонија со најголем демографски пад во Европа

Македонија изгубила 11,4 отсто од населението во споредба со 2011 година, покажуваат најновите податоци на Евростат. Според демографскиот пад, Македонија е на третото место во Европа. Пред нас се Албанија и Бугарија. Следуваат Босна и Херцеговина и Хрватска, кои исто така бележат сериозно намалување на популацијата.

Објавено на

часот

Сподели

Според извештајот објавен од euronews.al, населението на Албанија е намалено за 18 проценти на крајот на 2024 година во однос на 2011 година, што значи загуба од над 500.000 жители. Овој пад е највисок во Европа.

Бугарија изгубила 12,3 проценти од своето население, додека Македонија е на трето место со минус 11,4 проценти.

„Падот на населението во Македонија е дел од поширокиот тренд на емиграција и ниска наталитетна стапка што го зафаќа речиси целиот Балкан“, наведува Евростат.

Во регионот, речиси сите земји се соочуваат со масовна емиграција, особено на младата популација, која по 2016 година во Албанија доживеа нов бран иселување. Тоа, заедно со драстичниот пад на наталитетот, доведе до рекорден демографски удар.

Единствена земја која бележи позитивен тренд е Црна Гора, со зголемување на населението од 0,6 отсто, што ја издвојува од другите држави од Западен Балкан.

Во спротивност, западноевропските земји успеаја да го зголемат своето население преку агресивни имиграциски политики, со што се обидуваат да го компензираат стареењето на населението и ниските стапки на наталитет. Според податоците, еврозоната бележи раст од 3,2 проценти на населението од 2011 до 2024 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ