сабота, 4 април 2026

Албанци брзаат во Македонија по поевтина нафта и храна, колони на Ќафасан

Голем проток на возила денеска е забележан на граничниот премин Ќафасан. Според информациите, редиците се создадени поради зголемената потреба за купување нафта и храна по пониски цени, кои пораснаа и во Албанија, но и низ целиот свет поради војната во Иран.

Објавено на

часот

Сподели

Од снимките објавени од „Еуроњуз Албанија“ се гледаат долги редици возила. Според извештаите, граѓаните потребувале повеќе од два часа за да преминат од Албанија кон Македонија. Слична ситуација е пријавена и на граничниот премин Какавија со Грција.

Инаку, за утре во Скопје е најавена вонредна владина седница, на која премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе се намалат акцизите за горивата, со цел да се спречи значително поскапување.

„Во моментот немаме никакви индиции дека би било потребно воведување ограничувања од аспект на волумен, за разлика од тоа што направија некои земји – членки на Европската Унија. Напротив, голем број граѓани од соседните земји доаѓаат кај нас и ги полнат резервоарите на своите возила“, рече Мицкоски во изјава за медиумите.

На прашање дали постои можност дел од препораките на ЕУ за штедење на гориво да се применат, премиерот одговори: „Имаме доволни количини, па засега нема никаква потреба за тоа.“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ