сабота, 20 декември 2025

Активни три пожари

На територијата на Македонија во последните 24 часа имало вкупно 30 пожари на отворен простор, од кои три се активни, четири се под контрола, а изгаснати се 23, информираат од Центарот за управување со кризи.

Објавено на

часот

Сподели

Споредс ЦУК, активни се три пожари – во општина Гевгелија, Кожуф планина, кај село Пeтрово (букова шума), општина Македонски Брод, над село Бенче на планината Добра Вода (дабова шума и папрат), општина Студеничани, помеѓу селата Цветово и Драчевица, м.в.Умoво (шума).

Под контрола се четири пожари во општина Гази Баба, село Трубарево (електричен отпад), општина Гази Баба 2, село Виниче, м.в. Муратица (нискостеблеста шума), општина Студеничани, село Батинци (ниска вегетација и мешана шума) и општина Демир Хисар, градска депонија (ѓубре).

Според ЦУК, изгаснати се Изгаснати се 23 пожари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ