Активен е пожарот во ловиштето Јасен, Општина Македонски Брод каде гори мешана шума. Ниска вегетација гори кај селата Радуша и Дворце, Општина Сарај. Во Македонски Брод, кај селото Крапа, повторно гори ниска вегетација и нискостеблеста шума.
Под контрола се пожарите во атарот на селото Нерав, Општина Крива Паланка и кај село Челопеци, Општина Кичево.







