вторник, 9 декември 2025

Активни се пожарите кај Богомила, Ваксинце, Дречевица и Грешница

И понатаму се активни четирите пожари кои попладнево избувнаа во општините Чашка, Липково, Студеничани и Македонски Брод. На територијата на Македонија евидентирани се вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои активни се четири, два се под контрола и 14 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи.

Објавено на

часот

Сподели

Мешана шума гори над Богомила, Општина Чашка, нискостеблеста шума гори кај Ваксинце, Липково, шумски пожар има на планината кај селото Дречевица, Студеничани, а на територијата на Општина Македонски Брод гори нискостеблеста шума кај Грешница.
Под контрола се пожарите кај Стровија, Општина Долнени и Церово, Општина Желино.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ