понеделник, 15 декември 2025

Активни се 7 пожари, од кои 4 во Македонски Брод

Главниот штаб за управување со кризи информира дека денеска има вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои седум се активни, три се под контрола и два се изгаснати.

Објавено на

часот

Сподели

Активни се пожарите на територијата на општините Василево, Општина Радовиш и Берово, кај селото Нивичино на планината Голем Готен и Малешевските планини; во Прилеп кај селото Бешиште; во Желино, гори помеѓу селата Церово и Групчин; и четит пожари во Македонски Брод – помеѓу селата Локвица и Крапа, кај селото Грешница, село Латово и село Црешнево.

Под контрола се пожарите во Прилеп, помеѓу селата Царевиќ и Смолани; Македонски Брод, месноста Маркова Стапалка; Штип, кај селата Драгоево и Селце.
Изгаснати се пожарите кај Чучер Сандево, кај Делеководите и кај село Речица, Куманово.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ