Активни се пожарите на планината Голем Готен и Малешевските Планини, кај селото Бешиште, Прилеп, кај селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен и Галиште и Трстеник (Прилеп и Кавадарци), во Македонски Брод гори дабова шума меѓу селата Црешево, Локвица и Крапа, борова шума гори кај селото Ќосевица, Македонска Каменица, на територијата на Општина Чашка гори букова шума кај селото Ореше и во Општина Кичево пожар има кај селото Горно Црско.
Под контрола се пожарите кај селото Грешница, Македонски Брод, меѓу селата Драгоево и Селце, Штип и кај селото Јунузлија, Општина Карбинци.






