Активни остануваат пожарите кај селото Самоков и помеѓу селата Црешнево, Локвица и Слатин во општина Македонски Брод, кај селото Љубанци во општина Бутел, кај селото Николиќ во општина Дојран, како и пожарите под Солунска глава меѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина дупка и селото Крушевица во општина Кавадарци.
Локализирани се пожарите кај селото Рамне во општина Македонски Брод и кај Градската депонија во општина Делчево.






