понеделник, 15 декември 2025

Активни се 6 пожари

На територијата на Македонија до 18 часот активни се шест пожари, под контрола се два, а изгаснати се 16, информираат од Центарот за управување со кризи.

Објавено на

часот

Сподели

Пожарот на планината Голем Готен и Малешевските Планини се уште е активен. Во атарот на селото Бешиште, Прилеп, гори мешана шума. Помеѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен (Прилеп) и Галиште и Трстеник (Кавадарци) гори мешана шума и ниска вегетација. Во Крушево се запали градската депонија кај месноста Струнга. Во Струга, кај Калишта, гори трска и ниска вегетација. Но пожар е и пожарот кај селата Чардаклија и Караорман, Штип.
Под контрола се ставени пожарите кај Јунузлија, Карбинци и во Општина Делчево, градската депонија Острец.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ