понеделник, 22 декември 2025

Активни пожари во Прилеп и Долнени

До 12 часот на територија на цела држава регистрирани се вкупно девет пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е под контрола, а шест се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

 

Објавено на

часот

Сподели

Активни пожари има во Oпштина Прилеп, кај село Беловодица – место викано Ливада и село Лењиште, каде е зафатена букова шума и во општина Долнени, кај селата Стровија и Долгаец, каде гори мешана шума.

Под контрола е ставен пожарот во ловиштето Јасен, каде гореше мешана шума.

Во скопскиот регион изгаснати се пожарите на територија на општина Сопиште: кај браната на езерото Козјак (ниска вегетација и шума) и во општина Студеничани, селата Горно Количани и Драчевица – планински врв Китка (мешана шума).

Изгаснати се пожарите и во Кичево: село Душегубица (ниска вегетација и ниска шума), Велес: село Клуковец (ниска вегетација), Росоман: село Дебреште (ниска вегетација) и во општина Демир Хисар: село Кутретино (депонија). 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ