Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), под контрола се ставени пожарите во општина Берово – Дрџински рид, месност викана Стојковото, село Русиново (дабова и букова шума и папрат) и во општина Гази Баба – Вардариште (ѓубриште).
Од скопскиот регион изгаснати пожари има на територија на општина Ѓорче Петров – улица „Шар Планина“ (ѓубриште), општина Гази Баба – село Раштак (ниска вегетација) и Камник (ниска вегетација), општина Сопиште – село Јаболци – Говрлевска Краста (ниска вегетација) и општина Сарај – село Рашче (ниска вегетација).
Изгаснати се пожарите и во општините Битола, Долнени, Ресен, Крушево, Струмица, Струга, Кавадарци, Чешиново-Облешево, Делчево, Кочани, Липково, Куманово, Старо Нагоричане, Тетово и Гостивар.






