понеделник, 15 декември 2025

Активни пет пожари, со авиони се гаси пожарот кај село Перово, близу Преспанското Езеро

На територијата на државата заклучно до 18:30 часот се евидентирани вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, шест се под контрола, а пет се изгаснати. Пожарот кој што попладнево изби на брегот на Преспанското Езеро во близина на село Перово се гаси со два ер трактори.

Објавено на

часот

Сподели

Активни се пожарите во Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските планини каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација. Потоа во Општина Прилеп – с. Бешиште, местo викано Бешишки Рид, крак кон с. Градешница (мешана шума) во Општина Македонски Брод 4 – с. Црешнево (ниска вегетација), во Општина Ресен – с. Долно Перово (трска и ниска вегетација и во Општина Штип – с. Драгоево и с. Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева).

Директорот на ДЗС Стојанче Ангелов изјави дека пожарот кој што попладнево изби на брегот на Преспанското Езеро во близина на село Перово зафатил поголема површина на трска и поради ветрот се ширел кон селото, но веќе не претствува опасност благодарение на интервенцијата на пожарникарите од Ресен и на локалното насление кое им дава поддршка.

Под контрола се пожарите во Општина Прилеп – помеѓу с. Царевиќ и с.Смолани, место Радобилски Рид, во Општина Желино – помеѓу с. Церово и с. Групчин и во Општина Македонски Брод каде има пожари на четири локации и тоа с. Латово, м.в. Маркова Стапалка, потоа помеѓу с. Локвица и с. Крапа, кај с. Грешница и кај с. Латово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ