четврток, 12 март 2026

Активисти на „Стоп за Усје“ ја блокираа улицата пред МЖСПП

Иницијативата „Стоп за Усје“ спроведува герила акција пред Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) со блокирање на сообраќајницата „Филип Втори“ во центарот на Скопје.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Како што посочија активистите, денеска  е крајниот рок кога „Титан Усје“ треба да поднесе барање за нова А-интегрирана еколошка дозвола што ја издава Министерството за животна средина и просторно планирање, која ќе важи во наредните седум години и со која се одредува под кои услови смее да работи фабриката.

Со герила акцијата пред МЖСПП велат дека сакаат да испратат порака оти граѓаните внимателно го следат процесот на издавање на дозволата и дека се заинтересирани за јавната расправа поврзана со неа. Нагласуваат дека јавноста внимателно го следи процесот и одлуките поврзани со работата на фабриката и додаваат дека станува збор за „одлука што директно ќе влијае на воздухот што го дишеме“.

„Со оваа дозвола се одредува: каква технологија и какви филтри мора да користи Усје, до кои граници смее да загадува, кои параметри мора да ги мери, колку често и дали јавно мора да ги мери и објавувa резултатите. Ова директно влијае на воздухот што го дишеме. Ајде да покажеме дека следиме. Правиме герила акција пред МЖСПП, да им дадеме до знаење на институциите дека граѓаните се будни, внимателно следат и се свесни за јавната расправа за дозволата“, порачаа од „Стоп за Усје“.

МИА

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ