понеделник, 15 декември 2025

Активен пожарот во село Неготино, под контрола пожарот во валандовско Јосифово

Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), активен е пожарот во село Неготино, блиску до пругата, во општина Врапчиште, каде што  гори ниска вегетација.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Еден активен пожар, еден под контрола и еден изгаснат има вкупно пожари на отворен простор до 15 часот на територијата на државава.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи, активен е пожарот во село Неготино, блиску до пругата, во општина Врапчиште, каде што  гори ниска вегетација.

Под контрола е пожарот во валандовското село Јосифово каде што е зафатена ниска вегетација и лозови насади, а изгаснат е пожарот во село Цер, Кичевско, каде што е опожарена ниска вегетација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ