вторник, 6 јануари 2026

Ако во недела немате вода, тешко ќе добиете информација од Водовод за причините

Шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје утре ќе работат со скратено работно време, од 7:30 до 15:30 часот, информираат од јавното градско претпријатие. Но, дежурните телефонски броеви за информации за прекини во водоснабдувањето се чини дека тешко може да се добијат во недела, иако мора да се достапки 24 часа секој ден.

Објавено на

часот

Сподели

На едниот телефонски број 02 3073-010 кој е оставен за пријава вчера со часови никој не одговараше, а другиот 0800 2 25 55 кој е оставен за контакт, не постои.

Жителите на Долно Лисиче вчера со часови немаа вода, па информации се обидовме да добиеме од дежурните служби на Водовод, но таму со часови никој не ни одговори. По неколку часа добивме информација дека имало многу пријави, па не можеле да постигнат и да ни одговорат на повиците, ама не знаеја зошто ова место има проблем. Вода во ова место немаше бидејќи приватна фирма која ги менува цевките, пак направи проблем. Дефект од Водовод немало, но немаше ниту информација за прекините за водоснабдување.

Водоводната мрежа се менува бидејќи на ова место се изгради зграда, па сега притисокот е уште послаб од претходно. Но, за  да се смени водоводната мрежа,  дозвола има од општина Аеродром.

А Водовод и канализација во среда, 7 јануари, нема да работи на шалтерите. Со редовно работно време претпријатието продолжува од четврток, 8 јануари. Но, телефонскиот број кој е дежурен мора и треба постојано да е достапен за информации за граѓаните, но тоа во пракса се чини дека не е така.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ