вторник, 27 јануари 2026

Aко се зголеми минималната плата, автобуските и такси превозниците ќе затворат

По најавениот за утре протест на Сојузот на синдикатите на Македонија за зголемување на минималната плата од 50 проценти, реагира Синдикатот на приватните автобуски превозници кои предупредуваат дека ако тоа се случи нивните компании нема да можат да ги исплатат зголемените минимални плати и ќе бидат приморани да затворат.

Објавено на

часот

Сподели

„Изразуваме голема загриженост во однос на барањето на Сојузот на синдикатите на Македонија за покачување на минималната плата од 200 евра. Ние сме микрофирми со еден до двајца вработени и во изминатиот период имавме низа проблеми со исплатата на надоместоците што требаше да ни ги плаќаат во Град Скопје, особено во времето на градоначалничката Данела Арсовска, со која до ден-денеска имаме судски спор поради нејзините одлуки за неисплата на дел од долгот. Во насока на тоа бевме принудени да земеме кредити за да можеме да ги сервисираме нашите обврски кон граѓаните на град Скопје. Во случај на покачување на минималната плата од 50 проценти би дошле во ситуација во која повеќе нема да можеме да возиме и ќе бидеме принудени да ги откажеме договорите затоа што работењето ќе биде сведено на минимум или со загуба“, вели Муриќ.
Друго решение е, вели Муриќ, зголемување на цената на автобускиот билет.

И од Синдикатот на автотакси-превозниците на град Скопје велат дека зголемувањето на платите може да се случи само со државна субвенција или со зголемување на цената на услугата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ