На последниот оглас за вработување тројцата директори Владимир Ристески, Климент Чепуњоски и Фатмир Зимбери добија советници со средно образование, а недостасуваат нови и млади контролори на летање.
Инаку, по избувнувањето на војната меѓу Израел и Иран, сообраќајот над македонскиот воздушен простор е зголемен и за 30 отсто.
Синдикатот дава рок до 30 јуни да се исполнат нивните барања, во спротивно на 10 јули ќе штрајкуваат, а тоа значи прекин на авиосообраќајот над македонското небо.