петок, 3 април 2026

Ако не биде ставен под контрола вечерва, и пожарот во Битола ќе се гаси со хеликоптери, најави Ангелов (ВИДЕО)

Пожарот што вчера попладне избувна на обиколницата Битола до денеска наутро ќе биде ставен под делумна контрола, соопшти вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Ангелов уверува дека засега овој пожар воопшто не ја загрозува Битола и дека граѓаните воопшто не треба да паничат.

„Вечерва заседаваше кризиниот штаб кој донесе неколку одлуки во насока на полесно справување со оваа огнена стихија. Повеќе од 130 пожарникари доброволци како и противпожарните возила на ТТПЕ Битола и на Јавното претпријатие Водовод се на терен така што нема опасност пожарот да се развие во насока на Битола. Јас сум оптимист дека до наутро ќе го ставиме под котрола. Доколку во текот на ноќта не успееме да воспоставиме контрола над пожарот рано наутро ќе упатиме неколку летала кои што ќе помогнат во гаснењето на пожарот“, изјави Ангелов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ