вторник, 24 февруари 2026

Акција на заплена на уште 1 тон марихуана во валандовско Јосифово

Од полициски извори, МКД.мк дознава дека во текот на денешниот ден е извршена уште една полициска акција на заплена на речиси 1 тон марихуана, во селото Јосифово, Валандовско. Станува збор за одгледуван канабис за медицински цели на фирмата „Грин Лајф“ ДООЕЛ, која е меѓу шесте фирми на кои денеска им е одземена лиценцата за одгледување канабис за медицински цели од страна на Владата, т.е. Министерството за здравство.

Објавено на

часот

Сподели

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска на прес-конференција во Владата нагласи дека ќе се вршат засилени вонредни контроли кај сите правни субјекти, односно вкупно ќе бидат опфатени 43 правни лица. Контролите се спроведуваат во соработка со МВР, МАЛМЕД, Инспекторат за земјоделство, ДСЗИ и други надлежни институции.

„Досега се извршени 13 контроли кај лиценцирани правни субјекти, при што кај 6 од нив се утврдени неправилности во постапувањето, согласно законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци. Поради тоа, Владата на денешната седница донесе одлуки за одземање на одобрението за одгледување канабис за медицински цели кај овие 6 правни субјекти, појасни Алиу.

Инаку, одлуките на Владата за засноваат на наодите од спроведени контроли и со кои се констатирани состојби кои излегуваат од стандардите и прописите за одгледување канабис за медицински цели. Констатирано е несоодветно складирање на сув цвет, при што тој бил затекнат отворен, без соодветно запечатување и без складирање во пропишани картонски кутии. Недоставени се известувања до комисијата за извршено производство, берба и купопродажба на сув цвет. Недоставена е севкупна документација и договори, поврзани со продажба и трансфер на сувиот цвет. Утврдено е несовпаѓање меѓу евидентираните и фактички затекнатите количества на сув цвет во сеф-соба. Недоставено е известување во рок од три дена за настанати промени, согласно обврските, утврдени со Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ