петок, 6 февруари 2026

Aкција на МВР во Скопје и во Струмица за опојна дрога, десетина комбиња влегоа во ОХИС

Министерството за внатрешни работи (МВР) синоќа соопшти дека во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) презема соодветни мерки и активности на локации во Скопје и Струмица за опојна дрога.

Објавено на

часот

Сподели

Од МВР најавуваат повеќе детали по завршувањето на активностите. Неофицијално запленети се 27 тони марихуана.

Десетина комбиња и неколку камиони и полициски возила вчера влегоа во просториите на поранешната фабрика ОХИС, каде што се спроведува полициската акција. Во фокусот на истражните органи е компанијата „Алфафарм ДОО Скопје“, основана во 2023 година и регистрирана за одгледување и преработка на лековити и ароматични растенија за фармацевтска употреба. Според податоците од Централниот регистар, фирмата располага со основна главнина од околу 529 илјади евра, а сопственичката структура била менувана непосредно пред откривањето на пратката со дрога во Србија.

На терен се и истражители од обвинителството, како и медицински екипи.

Премиерот Христијан Мицкоски синоќа во гостување во вестите на МРТ во одговор на прашање за заплената на пет тони марихуана во Србија за која српските власти тврдат дека дошла од Македонија, најави дека МВР деновиве ќе излезе со запленети десетици тони дрога за која е констатирано дека незаконски е пуштена во промет или незаконски складирана.

„Очекувам деновиве Министерството за внатрешни работи да излезе со десетици тони, не со неколку тони, туку со десетици тони на ваков тип недозволени средства, односно недозволени материи, дрога, марихуана во случајов која во моментов се наоѓа во складиштата во Македонија или, пак, на некаков начин имало односи помеѓу одредени правни субјекти, не само во државата, туку и надвор од државата за коишто е констатирано дека се незаконски пуштени во промет, но и незаконски складирани“, потенцираше Мицкоски во гостување во вестите на МРТ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ