Според изворите на МКД.мк, приведените се сомничат дека со неизвршување на својата службена должност придонеле да се изврши отпис на 1.500.000 килограми меркантилна пченица и 500.000 килограми јачмен од државните стоковни резерви, со што причиниле штета на буџетот од околу 780.000 евра.
Според првичните и неофицијални информации осомничени се поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, поранешниот директор на Агенцијата за стокови резерви, Реси Абдурахмани, раководителот на секторот за прехранбени и индустриски стоки, Тони Кантурски како и поранешната раководителка на сектор во Агенцијата, Ниметула Рамадани, како и Миле Пешевски вешто лице при Бирото за процена од областа на земјоделството. Сите се осомничени за злоупотреба на службената положба и овлатување.
Повеќе информации и детали се очекуваат по завршувањето на полициската акција.






