Акцијата опфаќа расчистување на коритото долж целото градско течение на реката, при што јавните претпријатија работат со механизација и рачно отстрануваат отпад, земјени наноси и пластика. Паралелно се уредуваат и пешачките и велосипедските патеки долж кејот.
Во пораката до јавноста, Ѓорѓиевски додаде дека тимот продолжува „уште посилно“ и дека активностите се дел од континуираната заложба за поуредено и почисто Скопје.






