петок, 12 декември 2025

Акција на Финансиската полиција: Уапсен уште еден осомничен за проневара во прилепската болница

Финансиска полиција утрово уапсила лице за кое постојат сомнежи за сторен финансиски криминал поврзан со Општа болница Прилеп, дознава МКД.мк. Ова е втора акција на Финансиската полиција поврзана со оваа болница. На 21 октмоври годинава полицијата приведе дел од поранешното раководство на Општата болница ,,Борка Талески” во Прилеп поради сомнежи дека се вмешани во финансиски малверзации, фиктивни набавки и злоупотреби на јавни пари, а истрагата се проширува и кон други институции кои имале договори со болницата. Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврди повеќе неправилности и слабости во работењето на болницата.

Објавено на

часот

Сподели

МКД.мк неофицијално дознава дека се работи за сомнежи за криминал во кој се проневерени 16.000.000 денари од буџетот на Општата болница Прилеп.

Повеќе детали во текот на денот.

На 21 октмоври годинава полицијата приведе дел од поранешното раководство на Општата болница ,,Борка Талески” во Прилеп поради сомнежи дека се вмешани во финансиски малверзации, фиктивни набавки и злоупотреби на јавни пари, а истрагата се проширува и кон други институции кои имале договори со болницата.

Еден ден подоцна, Јавното обвинителство информираше дека е отворена истрага во која се опфатени 32 физички и правни лица. Меѓу осомничените се и поранешната директорка на болницата Кети Смилеска, раководители и други вработени во установата, но и управители на осомничени правни лица.

По поднесена кривична пријава од Управата за финансиска полиција, ОЈО Прилеп денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 16 физички и 7 правни лица, додека уште девет други лица се осомничени за дела кои се гонат во скратена постапка.

Според сомнежите, осомничените преку постапки за јавни набавки за сервис на моторни возила, чистење на работните простории, сервис на водоводна мрежа, молерофарбарски услуги, физичко обезбедување, реконструкција на инфективното одделение, односно преку неизвршување на договорните обврски и незаконски промени на налози за исплата, предизвикале вкупна штета на буџетот на болницата „Борка Талески“ од околу 700.000 евра.

Оомничени се за кривичните дела злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство како и проневера во службата Со пријавата се опфатени и дејствија на несовесно работење, злоупотреба на службена положба и овластување, фалсификување или уништување деловни книги и други кривични дела за дел од осомничените, кои обвинителството исто така ги испитува.

„Постои основано сомнение дека осомничените, како соизвршители, учествувале во дејствија со кои свесно ги повредувале прописите за јавни набавки во ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност Прилеп со намера за себе или за друг да остварат значителна имотна корист, односно да предизвикаат значителна имотна штета на болницата, што е поткрепено и со наоди од извештај на Државниот завод за ревизија“, соопштија тогаш од ОЈО Прилеп.

Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврди повеќе неправилности и слабости во работењето на болницата.

„Голем дел од обврските се евидентирани и платени ненавремено, селективно и без спроведени контроли, а кон поединечни добавувачи извршени се авансни плаќања без приложени фактури во износ од над 8.000 илјади денари. Преземени се обврски за набавка на стоки и услуги во износ од 15.700 илјади денари без постапка за јавна набавка, а во дел од спроведените постапки е утврдена несоодветна примена на Законот за јавни набавки“, констатирале ревизорите во Извештајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ