„И токму затоа треба да се вложи труд конечно да бидеме разбрани од светот. Затоа што тој не ги разбира нашите трауми од минатото. Постојано сме доцнеле на целта. Зарем и сега ќе ни се случи тоа? Moра да се седне со Бугарите исто како во последната година од минатиот век. Тогаш на драгите соседи им требаше договор за добрососедство. И без проблеми нашиот тогашен премиер го потпиша договорот. Зошто мораше да се потпишува нов договор? Што се изменило во меѓувреме? Пораснале апетитите по Договорот од Преспа. Ништо друго. Од наша страна е сторена грешка. Таа веќе е наплатена. Време е за признавање на грешката што ја сториле политички шарлатани и барање компромис. Науката на научниците, политиката на политичарите, отворени граници на граѓаните. Дали е тоа можно? И тоа како е можно. Јас помнам тешки времиња многу децении кои успевале да ги премавнат само лидери со моќ да внесат светлина“, рече Павловски во пораката до македонскиот премиер Христијан Мицкоски.
Академик Павловски до Мицкоски: Време е за признавање на грешката што ја сториле политички шарлатани во барањето компромис
Да сум во позиција на премиерот не би го идеализирал нашето минато. Такво е какво што е. Сурово и контроверзно. Со него ќе се занимава науката, а не политиката. Не е спорно дека сега имаме свесни политичари со засукани ракави. Тоа влева доверба кај домашната јавност, вели во изјавата за МКД.мк писателот и академик Божин Павловски во врска со актуелните дискусии околу македонскиот јазик и идентитет на релацијата Брисел-Скопје-Софија .

Објавено на
часот





