Притоа, сметаат од партијата дека е легитимно и треба да се имаат предвид ставовите на академик Ќулавкова од 2016 година, за предизвиците и случувањата во Македонија од тој период, повикувајќи се на нејзини изјави дадени тогаш во едно интервју.
„До тој степен е стигната пизмата на дпмнеовците против сите кои не се идентификуваат со партиската матрица. Гледаме како божемната национална партија на Македонците ги изневерува токму националните интереси, ама имаат медиуми кои ги покриваат тие изневери. По една деценија владеење, објективната стварност во Македонија е таква што наскоро, претпоставувам, ќе се одрази и на надворешен план, односно во политиките на меѓународните институции спрема македонското прашање и статусот на Македонија“, наведен е цитат од интервјуто од 2016 година, насловено „ Желбата по пари и моќ ја направи власта криминална и насилна!
Како други цитати се наведуваат мислењата на Ќулавкова за СЈО и обидите за дискредитација на Заев, искажани во истото интервју.
„Пржино отвори перспектива со Специјалното јавно обвинителство, но овој проект – за да биде финализиран успешно – неопходно е да се комплетира со соодветните судски и др. инстанци“, се наведува вториот цитат.
„Мислам дека обидите за дискредитација на Зоран Заев, а преку него и на опозицискиот фактор, се само сегмент на стратегијата на демонизирање на опозицијата и боготворење на ДПМНЕ“, издвоено е веројатно како илустрација за споредба на релевантноста на изјавите околу националните теми на академик Катица Ќулавкова.






