недела, 22 март 2026

Ај медија: Не соработуваме со СДСМ, ниту пак со Зоран Башановиќ

Во врска со текстовите објавени во медиумите во кои се споменува ПР агенцијата „Ај медија“ (Eye Media) како соработник на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), категорично ги демантираме сите тие тврдења. „Ај медија“нема никаков договор, ангажман ниту соработка со СДСМ или нивните советници, се вели во демантот на агенцијата.

Објавено на

часот

Сподели

„Не постои никаков ангажман на агенцијата во креирање соопштенија, прес-конференции или каква било комуникациска поддршка за СДСМ.

Сите тврдења за ‘штанцање лажни соопштенија’, ‘центар за лаги’ или ‘надворешна ПР машинерија’ се целосно невистинити и немаат никаква основа во факти. Посебно нагласуваме дека немаме никаква врска со Зоран Башановиќ. Тој не е дел од нашиот тим ниту сме имале каква било соработка со него.

‘Ај медија’ се занимава исклучиво со односи со јавност, корпоративни комуникации и стратешко советување, а не со естрада, музика или менаџмент на изведувачи. Работиме целосно транспарентно, во согласност со етиката на ПР струкава. Сите евентуални идни соработки со политички партии во регионот ќе бидат транспарентни и јавни“, се вели во демантот на агенцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ